Агаг убеден дена Формула 1 и Формула Е треба да се спојат

Основачот на Формула Е, Алехандро Агаг, останува убеден дека Формула 1 треба да се спои со електричната Формула Е тркачка серија што побрзо. 

Формула Е започна да функционира во 2014 година и собра голем број на големи производители кои сакаат да преминат кон електрификацијата. Иако Формула Е е добра основа за развој, сепак Ауди и БМВ објавија дека ќе заминат од спорот, но Агаг не е загрижен бидејќи има голем интерес од други производители. 

Имате шампионати кои им посакуваат добредојде на сите производители, но во исто време не се зависни од производителите. Секогаш е подобро да се направи платформа која ќе трае долго со независни тимови. Многу производители сакаат да се приклучат и нормално е да имаме повремени гости со мали исклучоци – откри агаг.,

Тој смета дека заминувањето на Ауди и БМВ од тркачката серија е исклучиво поради пандемијата. 

ДОколку ги прашате ќе ви кажат нешто различно бидејќи имаа големи буџети и дека ова е поради кратење на трошоци, Но ги почитуваме нивните одлуки и им посакуваме се најдобро бидејќи имаме други производители наместо нив. 

Никој не треба да ја отфрла Формула Е поради заминувањето на Ауди и БМВ. Мекларен обезбеди опција за влез во серијата додека Рено преку Алпин се подготвуваат за истото.

Од друга страна, Формула 1 не размислува за електрификација во наредната декада бидејќи Формула Е ја има 25 годишната лиценца за ова од ФИА, но Агаг смета дека електричната иднина за трка во Формула 1 може да се случи пред 2039 година само дооколку двете серии се спојат. 

Берни сакаше да ја превземе контролата во Формула Е, но ние не му дозволивме. Формула Е е ралзична во однос на престиж и публика споредено со Формула 1, но сепак има иднина доколку се спојат.

Не знам дали ќе се случи тоа и дали ќе има согласност, Но мислам дека Формула 1 треба да премине кон електрификација пред да заврши нашата лиценца. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ