Агресивната стратегија му донела добра трка на Ботас

Валтери Ботас остана задоволен по крајот на првата овосезонска трка со Алфа Ромео откако се пласираше на 8мо место во Бахреин одработувајќи агресивна стратегија.

Резултатот беше изненадување ако се суди по недостатокот на перформанси од болидот за време на квалификациите на кои Алфа не дојдоа до последниот сегмент. Валтери тргна од 12то место и умешно стартуваше без проблеми, профитирајќи од дуелот Окон – Хулкенберг за да стигне до 8мо место уште во воведниот круг.

Загуби позиција од Ленс Строл, но беше помеѓу првите кои променија на хард, нешто што намерно го направи за да не биде минат од некој болид и позади и по откажувањето на Леклер повторно се врати на 4 поени.

задоволен сум и мислам дека денеска извадивме максимум затоа што сит епред нас беа далеку побрзи. поради тоа сум среќен, но и поради одработената агресивна стратегија. солидна прва трка, имаме одлична основа како што се виде денеска и докажавме дека можеме да освојуваме поени со овој болид иако се гледа дека имаме уште работа – вели финецот.

Освен агресивната стратегија, за Валтери бил важен и првиот круг кој одлично го одработел.

стартот беше многу важен затоа што напреднав неколку позиции во круг кој се покажа како клучен за болидите околу нас кои беа тешки за претекнување. тргнавме агресивна на патеката и дефинитивно ни се исплатеше.

исто така паметно одбиравме со кого да се бориме за да ги зачуваме гумите за моментот кога ни беа потребни и се покажа дека тоа е многу важноа на крајот кога ни се доближуваше пјер гасли, но го задржавме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ