Азербејџан: Луда, луда, луда трка и втора победа за Перез

Мексиканецот Серхио Перез стигна до својата втора победа во кариерата откако победи во луда трка низ улиците на Баку препоплна со се и сешто.

Зад Чеко на подиим стигнаа и Себастијан Фетел кој донесе второ место за Астон Мартин преку својот 122ри подиум во кариерата, а најниското место на подиумот му припадна на Пјер Гасли кој 3ти пат се искачи на пиедесталот. Огромно изненадување, Мерцедес не освои поени, катастрофа е благ збор за она што им се случи на шампионите.

Стартот навести одличен почеток за Перез откако по гаснење на црвените светла веднаш ги мина Пјер Гасли и Карло Саинз и дојде до 4то место уште пред првата кривина. Трката ја поведе Леклер, пред Хамилтон и Верстапен.

Во кругот број 3, Луис се наместо, се подготви и лесно со ДРС буквално го претела Шарл Леклер кој “падна“ на второ место, а во 7от круг истото му се случи и против Макс Верстапен и загуби уште една позиција.

Само четири кругови во Азербејџан успеа да комплетира Естебан Окон кој експресно се паркираше во гаража.

Серхио Перз фати ритам и во 8от круг го претекна Шарл Леклер со Ферари за 3то место.

Прв од водечките гуми промени Шарл Леклер, рано уште во 10от круг, но тоа беше лоша стратегија за Скудерија затоа што тој загуби позиција од Пјер Гасли. Следниот круг промени гуми и неговиот колега, но на 8та кривина направи голема грешка, се спаси во кусата зона за излетување, но “падна“ на 15то место во поредокот. Следниот круг променија и Хамилтон и Ботас од Мерцедес. Промената кај шампионот траеше предолги 4,6 секунди.

Макс Верстапен ја поведе трката, но само два круга затоа што влезе во бокс во 14та обиколка, а одличната реакција на механичарите на Ред Бул му донесоа позиција преку бокс, го мина директниот конкурент Хамилтон. Следниот круг промени и Чеко и тој излезе пред Луис.

По 19от круг трката ја поведе Фетел кој беше на помеки гуми, а по нови пневматици влезе во гаражата во 19от круг.

Следуваше мирен период се до 31от круг кога Ленс Строл на правецот при огромна брзина се заби во оградата откако му пукна задната лева гума, без никакво предупредување. Следуваше безбедносно возило кое остана на паекта 5 кругови.

Рестартот на трката беше во 36от круг, најрасположен беше Себастијан Фетел кој го превзема најпрво 5то место од Шарл Леклер, а потоа и 4то место на Пјер Гасли. Во овие моменти, Карлос Саинз од 11то место дојде до 9та позиција и се врати во поени по грешката од почетокот на трката.

Следуваше мирен период се до 47от круг кога Макс Верстапен имаше идентична судбина како Ленс Строл, при огромна брзина на старниот правец, откажа задното лево тркало и тој се заби во ограда додека имаше комотно водство и веќе пиеше шампањ на подиумот. Се разлетаа делови по патеката, безбедносното возило не беше доволно и беше развеано црвеното знаме, по што трката беше прекината на два круга пред крајот.

Во пререт на рестартот, Мајкл Маси дозволи сите возачи да променат гуми поради опасноста од повторување на она што им се случи на Строл и Верстапен. Безбедносното возило беше прво во 50от круг додека болидите се наредат на гридот и следуваше само една спринт обиколка пред крајот.

Луис Хамилтон имаше совршен старт и го мина Перез, но се чини дека заборави да закочи за првата кривина и летна кон зоната за излетување, паѓајќи од прво место буквално на последно каде што заврши. Ни крив ни должен, Фетел доби позиција и заврши на 2ро место, а Пјер Гасли се бореше со Шарл Леклер за да си го зачува своето подиум место.

Четврти финишираше Леклер на Ферари кој нра крајот беше нападнат од Ландо Норис, но се одбрани. Фернандо Алонсо дојде до 6та позиција за Алпин, пред Јуки Тсунода кој втор пат сеонава завршува во поени со 7мо место. Карлос Саинз донесе 4 поени со 8то место за Ферари, пред Даниел Рикардо, а Алфа Ромео повторно дојде до поен, овој пат преку 10то место на Раиконен.

Мерцедес како што сакаа а го заборават Монако, уште повеќе ќе сакаат да го заборават Баку затоа што Ботас заврши на 12то, а Хамилтон на 16то место.

 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ