Азербејџан: Нов еден-два за Ред Бул, овој пат Чеко победи

Серхио Перез го напушта Азербејџан со две победи, една на вчерашниот спринт, една денеска, за свој 6ти триумф во кариерата, победа број 96 за Ред Бул и стана првиот возач со две победи на Гранд При трка ни улиците на Баку.

Неговиот колега и актуелниот првак и лиер во шампионатот, Макс Верстапен, стигна до својот 81ви подиум во кариерата, минувајќи го Аиртон Сена на вечната листа. Третото место му го донесе 25от подиум на Леклер.

Стартот на трката не донесе големи изненадувања кај првите шест возачи. Ленс Строл го мина Ландо Норис за 7мо место, додека Џорџ Расел напредна две позиции и од 11ти беше 9ти.

Лекелр водеше само три цели кругови, откако на почетокот на 4от со користење на ДРС, Верстапен лесно го мина за лидерската позиција. Два круга подоцна, односно на почетокот на 6та обикола, Леклер беше лесна цел и за Чеко Перез кој на исто место и со ДРС го мина моначанецот од Ферари.

Во кругот број 10, прв во бокс од оние кои беа во првата десеторка влезе Луис Хамилтон и стартните медиум гуми ги замени со најтврди, враќајки се на 13то место.

Следниот круг на патеката се изврте Ник де Врис, по што експресно лидерот Макс Верстапен влезе по свежи гуми за да веднаш по неговото враќање на патека, се појави безбедносното возило. Верстапен, патем, влезе како лидер, се врати на 7мо место.

Следуваше војна во гаражата кога во исти момент во бокс влегоа Перез, Леклер, Саинз, Алонсо, Строл, Расел, првите 6 возачи, но и останатите. По промените, мексиканецот си го задржа водството пред Леклер, но Верстапен успеа да мине пред Саинз, додека потоа следуваа Алонсо, Расел и Строл.

Рестартот на трката дојде во 13от круг, Леклер се обиде да мине, но Перез го задржа зад себе, но потоа следуваше напад на Верстапен над моначанецот кој бееш успешен и МАкс дојде на 2ро место. Од позадина се прикраде Фернандо Алонсо кој многу искусни го нападна и мина Карлос Саинз за 4то место.

На почетокот на 15от круг, Луис Хамилтон го нападна и мина својот колега превземајќи го 7то место на Џорџ Расел.

Во кругот број 20, откако Ленс Строл направи грешка во 16та кривина, залетот на главниот правец му беше слаб и беше лесен плен за Луис Хамилтон кој му го превзема 6то место со ДРС.

Следуваа 30 здодевни кругови во кои немаше никакви борби за поени или претекнувања и возбудата беше во долниот дел од гридот.

Претпоследниот круг од трката беше моментот кога Џорџ Расел влезе во бокс да промени гуи, доби нов сет софт со цел да постави најбрз круг и да освои дополнителен поен. Тој ја имаше оваа можност поради тоа што беше повеќе од 25 секунди пред Естебан Окон.

Во последнот круг во бокс, прв пат на трката влезе Нико Хулкенберг кој комплетираше цели 50 кругови со стартниот хард сет. Малку подоцна истото го направи и Естебан Окон засет софт, но како никој освен Алпин да не знаеја дека тој мора да оди во бокс така што имаше многу луѓе во гаражата. Овдека ќе има доста казни за организацијата.

Еден-два победа за Ред Бул, а потоа Леклер од Ферари. Следуваше Фернандо Алонсо со својот Астон Мартин кој прв пат годинава не е на подиум, а зад него второто Ферари возено од Карлос Саинз. Шесто место за Луис Хамилтон, пред вторито Астон возен од Строл, а зад него Џорџ Расел. Два поени освои Ландо Норис, а поен Јуки Тсунода.

Image

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ