Аиткен повеќе не е тестер на Рено

Џек Аиткен одлучи да се збогува со Формула 1 тимот на Рено по долгогодишната соработка со фабричката екипа. Тој беше јуниор на французите од 2016 година откако освои титула во Формула Рено Еурокуп претходната сезона.

Следуваше ГП3 серијата каде во 2016 година заврши на 5то место со Арден, а следната година мина во АРТ и беше вице шампион во серијата. Во 2018 година беше 11то место во Формула 2 возејќи за шампионскиот АРТ.

Ланската Формула 2 сезона ја одработи за Кампос во Формула 2 и им помогна да напердуват и стигна до 5то место во поредокот со три победи и четири подиуми. Минатите две години, тој беше официјален тест возач за Формула 1 екипата.

сакам да им се заблагодарам на рено и на академијата за тоа што ми помогнаа да стигнам на ниво на кое сум возбуден за следниот чекор во мојата кариера што ќе биде станица до исполнување на мојата амбиција, а тоа е самиот врв на моторспортот.

им посакувам на тимот на рено многу успеси во иднина. сеуште не сум во ситуација да ги откријам моите планови за претстојнава сезона, но набрзо и тоа ќе стане јавно – објасни аиткен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ