Академијата на Ферари основаше своја база во Австралија

Академијата за млади возачи на Ферари ќе работи заедно со Моторспорт Австралија во основање на нова Азиско-Пацифичка база со седишт ево Сиднеј. Базата ќе ја раководи Моторспорт Австралија од својот Центар кој се наоѓа во рамките Мотоспорт паркот во Сиднеј, место кое државата го финансираше со 33 милиони долари.

Моторспорт Австралија ќе раководи со развојната програма на Ферари за возачи од 14 години до 17 години од Австралија, Пакистан, Индија, Непал, Бутан, Бандладеш, Бурма, Тајланд, Лаос, Виетнам, Камбоџа, Малезија, Сингапур, Индонезија, Брунеи, Филипини, Јапонија, Северна Кореа, Јужна Кореа, Тајван, Хонг Конг, Шри Ланка, Ноџ Зеланд и Кина.

Шасиит кои Моторспорт Австралија ги има во сопственост, а со кои порано се тркале во пропаднатата Австралиска Формула 4 ќе бидат користени за проценка на младите пилоти.

денешното партнерство со моторспорт австралија е продолжеток на партнерствата со италијанската моторспорт федерација (аци) и светски познатиот картинг тоникарт и е клучен чекор во нашата скаутинг стратегија за да се осигураме со млад талент во иднина.

имаме одличен однос со нашите пријатели од моторспорт австралија и веруваме дека заедно ќе изработиме одлична програма на селекција од тој регион која ќе инспирира и привлече многу млади возачи – велат од ферари.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ