Алберс во офанзива: Ред Бул се многу неорганизирани

Поранешниот Формула 1 возач, Кристијан Алберс, ги критикуваше Ред Бул велејќи дека екипата е многу неорганизирана и им недостасува професионализам.

Тимот имаше огромен успех откако дојде во Формула 1 во 2005 година, а од 2010 до 2013 година освоија четири последователни двојни шампионски титули, а продолжи и потоа да победуваат и освојуваат подиуми.

Сепак, во турбо хибридната ера немаат титули и заостануваат во однос на Мерцедес, нешто што според Алберс се должи на организацијаа.

се во тимот мора да биде кул, ексцентрично и сјајно, но ако се погледнат од страна, тие се страшно многу неорганизирани. ништо лично, но другите екипи се далеку попрофесионални во однос на комуникацијата – изјави алберс за холандски De Telegraaf.

Тој се сомнева и дека замрзнувањето на развојот на моторите ќе биде од корист на тимот како што очекуваат. Ред Бул силно лобираше да се заамрзне развојот на моторите по крајот на оваа сезона се додека не стапат на сила новите агрегати и сето тоа поради фактот што Хонда објави дека заминува од спортот по крајот на оваа година, а “биковите“ ја превземаат нивната интелектуална сопственост и самите си ги прават моторите.

Сепак, холанѓанецот не смета дека тоа е толку добро за тимовите на Ред Бул затоа што Хонда може да ги остави сл лош мотор на крајот од оваа сезона.

ред бул веројатно мислат дека замрзнувањето на развојот е одлично. но, доколку моторот на хонда не се покаже добро, очекувајте повторно да плачат.

што ако хонда не испорача добар отор годинава, тогаш ред бул ќе имаат сериозен проблем затоа што нема а смеат да го развиваат следните години.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ