Алберт Парк ќе се реновира за овогодинешната трка

Патеката Алберт Парк во Мелбурн која по традиција ја отвора Формула 1 сезоната, но годинава е одложена за Ноември наместо Мај, ќе се реновира во пресрет на овогодинешното издание на трката.

Патеката е домаќин на Формула 1 од 1996 година, а согласно последното продолжување на договорот, трки во Австралија ќе има најмалку до 2025 година.

Патеката важи за една од полесните во календарот, нема големи предизвици, но често носи здодевни трки поради тоа што можноста за следење и претекнување е минимална поради тоа што нема вистински правци каде моќно ќе се запира и ќе се создаваат можности со користење на ДРС да се нападне.

Според тамошниот speedcare.com, главниот извршен директор на Австралиската Гранд При Корпорација, Ендру Вестакот, неодамна најавил неколку крупни промени за трката годинава, планирани модификации кои ќе донесат промени кај кривините и нов асфалт на патеката. Тоа ќе биде прва промена на Алберт Парк откако се во Формула 1 календарот, не сметајќи ги промените кај боксовите.

Организацијата се надева дека со тие промени екипите повеќе ќе ризикуваат и ќе користат поразлични стратегии, а со проширување напривините ќе може поагресивно да се минува низ нив и да се прават обиди за претекнување.

Кривина еден – место каде редовно има инциденти, некои од нив станаа историски. оваа кривина ќе се прошири и ќе им се даде на возачите повеќе простор за претекнување, а на тој начин и ќе се избегнат сударите.

Кривина шест, кривина дванаесет – најдолгиот правец на патеката одново ќе се разгледува со примарен фокус поблиску да биде следењето така што би се добила можност за претекнување на последната кривина од патеката. Кривиата број шест ќе биде проширена.

Кривина девет – една од најголемите промените ќе биде таму и се планира елиминација на шиканата која во моментов е кривина број 9 и број 10. Според предложените промени ова прилагодување ќе донесе поблиско тркање и можност за претекнување во тој дел од патеката.

Кривина тринаесет – и таму ќе има драстична промена со аголот на кривината исто како и пиринаа. Модификациите треба да донесат позитивен ефект на тркањето и правење на цел тој сет кривини со поголема можност за претекнување.

Ќе се имплементира и ревизија на брзината со која се вози во боксот, во моемтов истата е 60 кмч, но тој дел ќе биде проширен и ќе се дозволи да се вози со 80 кмч. Ова ќе донесе помалку загубено време при менување на гуми и поголема желба да се вози трка со повеќе застанувања наместо само со едно, што е традиционално за Австралија.

Секако дека по волку промени патеката ќе добие целосно нов асфалт за д асе добие подобро лежење на гумите на патеката со фокус да се променува гуми повеќе пати во текот на трките. Иако таквиот потег се покажал непопуларен кај возачите кои се жалат дека абразивниот асфалт ги уништува трките.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ