Албон во Вилијамс и догодина

Вилијамс потврдија дека Александер Албон ќе остане дел од нивниот Формула 1 тим и следната година откако потпишал повеќегодишен договор со екипата од Гроув.

Британецот со тајландско потекло ги освои сите три поени за тимот оваа сезона и продолжувањето на соработката се сметаше само за формалност, а неговиот колега за догодина е сеуште непознат.

возбудливо е што ќе останам во вилијамс и следната година и нетрпелив сум да видиме што можеме да постигнеме до крајот на оваа и другата година. екипата притиска силно за да напреднеме, мотивиран сум да продолжиме по ова патешествие, да се развиеме дополнително и да научиме за болидот колку што може повеќе – изјави албон.

Тој се врати во падокот оваа година откако минатата ја мина како резервист и тест возач на Ред Бул и АлфаТаури, а една година претхоно се тркаше за Ред Бул. Во игра беше и враќање во Милтон Кинс, но откако Серхио Перез доби договор до крајот на 2024 година, јасно беше дека тоа нема да се случи.

Негова најдобра трка сезонава беше онаа во Австралија кога влезе во бокс во претпоследниот круг и освои поен со 10то место, а потоа беше 9ти во Мајами.

алекс е нееројатен и многу ценет член на вилијамс така што сме воодушевени што можеме да потврдиме дека ќе работием на долг рок со него. алекс носи одлична мешавина и талент, искуство и информации што ни е многу потребно сега и во иднина.

 

тој е страшен тркач и се покажа попупарен и лојален дел на тимот поради што сме задоволни што можеме да си обезбедиме стабилна база и да продолжиме насочено да работиме кон развојот на болидо – изјави јост капито, првиот човек на тимот.

Во падокот се збруваше дека Алпин го понудиле Оскар Пиастри на Вилијамс како замена за Николас Латифи следната година, но откако Фетел објави пензионирање, Алонсо потврди дека ќе го замени него, а Алпин го потврија Пиастри, сепак, се искомплицира ситуацијата затоа што Оскар соопшти дека нема да вози за француската екипа.

Латифи не ги носи очекуваните резултати годинава, а како негова замена се повеќе се зборува за Логан Сарџент, Формула 2 штитеникот на Вилијамс, но и членот на Мерцедес и Формула Е првакот, Ник де Врис кој имаше петочна сесија за нив во Шпанија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ