Албон го одработи првиот ден како возач на Вилијамс

Александер албон го одработи својот прв ден во Вилијамс како возач на тимот во нивната фабрика во Гроув.

На почетокот на оваа недела, ританецот со тајландско потекло пристигна во фабриката откако изминатиот период се подготвувал во Лос Анџелес. Тој пристигна во тимот и ќе вози крај Николас Латифи сезонава откако лани паузираше од тркачката серија одработувајќи само како тест и резервен возач на Ред Бул.

Во текот на посетата на Гроув, Албон бил запознат со неговите нови колеги, а го пробал и симулаторот на тимот во кој ќе продолжи да се подготвува до почетокот на оваа сезона.

беше убаво да се види тимот по долгата пауза. веќе се имав запознато со неколкумина во падокот, но ова беше моја прва посета на фабриката и оние кои работат на болидот.

јасно е дека ми беше чудно затоа што во моментов е потивко од вообичаено, но беше одличен ден и мило ми е што почнав да работам во симулаторот.

ова се возбудливи времиња и беше одлично што почнав да работам на развоот од самиот старт за да бидам колку што може подобро подготвен – посочи алекс.

Минатата сезона тимот ја имаше најдобрат во однос на освоените поени од 2017 година, а официјална потврда за промоција на новиот болид сеуште немаат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ