Албон имал “трагична“ прослава за својот прв подиум

Алекс Албон стигна до долгоочекуваниот прв подиум на Тосканското Гранд При на Муџело, но возачот на Ред Бул признава дека прославата потоа не била воопшто забавна.

Албон уживаше во прскањето со шампањ на подиумот, придружен од Луис Хамилтон и Валтери Ботас, но тоа било се забава за 24-годишниот возач, а прослава потоа не постоела.

Имав вечера под свеќи за еден. Буквално вечерав бифтек и тирамису и заминав во кревет. Беше трагично. Имавме ден за снимање во Понеделник и морав да останам во Италија.

Бев во хотелот каде престојував цел викенд и бев целосно сам. Всушност имаше и пар до мене, но не ме ни препознаа – тажно призна возачот на ред бул.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ