Албон и Латифи добија нов менувач и одат 5 позиции поназад

Александер Албон од Ред Бул и Николас Латифи од Вилијамс добија казна од 5 позиции во пресрет на стартот на денешната трка поради промена на менувачот по крајот на квалификациите.

Албон требаше да стартува од 15то место, но ќе тргне од 15та позиција, додека Латифи имаше претпоследно време, а ќе тргне од 20то место.

Џо Бауер, техничкиот делегат на ФИА потврди дека Ред Бул и Вилијамс побарале промена на менувач вчера вечер.

менувачот е променет со одобрување од техничкиот делегат на фиа откако тој добил писмено барање за тоа согласно спортските правила.

менувачките кутии мора да траат шест последователни трки, но оваа промена е предвремена во двата болиди и поради прекршување на тоа правило, возачите земаат казна од пет позиции во пресрет на стартот – гласи писмото соопштение од фиа.

Правилото вели дека менувачот мора да издржи најмалку 6 трки, а исклучок е доколку воазчот не заврши трка, кога тимот може предвремено да му ја промени менувачката кутија.

Казната на Албон значи дека Леклер, Квјат, Строл, Расел и Фетел ќе напредуваат една позиција, додека ЛАтифи единствено го пропушта Кими Раиконен пред себе.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ