Албон останува во Шпанија, ќе тестира гуми за Ред Бул

Александер Албон, резервистот на Ред Бул, ќе се врати во Формула 1 болид неделава како дел од тестот на новите гуми на Пирели кои ќе треба да го одработи за својата екипа.

Во својата кариера како активен Формула 1 возач во 2019 и 2020 година тој имаше 36 Гранд При трки зад себе, два пати дојде на подум, но го загуби местото од Серхио Перез. Сепак, остана дела од тимот од Милтон Кинс како резервист и тест возач, а го претставува брендот во ДТМ серијата.

Пирели се во постапка на тест на нивните 18-инчни тркала кои треба да се возат од следната година, а по Шпанското Гранд При треба да се одработи дводнеен тест на истата патека. Ред Бул ќе тестираат поголеми гуми со модифицирани болиди заедно со Алпин и Алфа Ромео во Вторник и Среда со цел да се приберат податоци за Пирели.

Албон ќе го возиа Ред Бул болидот, додека поранешниот член на Ред Бул и Торо Росо, Даниил Квјат, ќе вози за Алпин, а кај Алфа Ромео ќе одработи Роберт Кубица. ТЕстот ќе биде 5ти од вкупно 10 кои Пирели добија дозвола да ги организираат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ