Албон откри каде Вилијамс се подобри од конкурентите

Александер Албон, по вториот финиш во поени сезонава, овој пат во Мајами, гопофали Вилијамс затоа што во одредени области се пред своите конкуренти.

Британецот со тајландско потекло се квалификуваше на 18то место, но напредуваше и на крајот заврши на 9то место со втор пласман во поени годинава. Беше добар на петочните тренинг сесии и заслужи поени.

бевме во топ 10 на две од трите извозени тренинг сесии, бевме константно во најбрзите 10, не беше дека возиме со празен резервоар или нешто слично, бевме брзи по чист ритам.

поради тоа пласманот во поени беше очекуван, секако дека имавме и среќа по сударите на болиди пред нас, но бевме блиску до нив, веднаш зад нив за да искористиме. навистина имавме доста силен викенд – посочи албон.

Запрашан дали заслужиле одредена среќа која ја имаа на тркаа, откако лично тој имаше многу пехови во првиот квалификациски сегмент, Алекс појасни.

може да се каже среќа, но ние се боревме со џорџ расел на почетокот од трката и во одреден момент го претекнавме, потоа го стигнавме даниел рикардо во трка, всушност стигнавме цела група болиди.

бевме оптимисти со стратегијата повторно, останавме надвор кога останатите менуваа гуми, ризикувавме и продолживме и дојдовме до ситуација да освоиме поени.

Албон призна дека на тимот му претстои уште многу работа за да се подобрат, особено на квалификациите, но е голем оптимист и верува дека екипата од Гроув дава максимум за време на трка и дека се пред своите ривали во одредени области.

ако го оптимизираме пакетот можеме да бидеме силни и на квалификации, но исто е за сите. одлчно одработуваме на трка, мислам дека сме подобри од конкурентите во работата со гуми и во стратегијата.

повторно таа хард компонента беше одлична, дадов се од себе во послендиот круг и тоа беше прекррасно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ