Албон очекува постојан притисок од Сарџент

Алекс Албон очекува неговиот нов тимски колега во Вилијамс, Логан Сарџент, дa му врши притисок како што изминува сезоната во Формула 1 годинава.

Сарџент го замени Николас Латифи во екипата од Гроув во текот на зимата, откако ја доби супер-лиценцата на ФИА кон крајот на годината, завршувајќи на четвртото место во шампионатот во Формула 2. Првиот американски Ф1 возач од 2007 година имаше солиден деби викенд, квалификувајќи се на две десетинки од Албон во К1 и потоа беше класифициран само девет секунди зад својот тимски колега во трката.

Додека Албон удобно беше подобар од Латифи во текот на минатата сезона, поранешниот возач на Ред Бул очекува поголем предизвик од Сарџент, откако го следеше и неговиот напредок во пониските категории.

Тој е природно брз. Го видов тоа од минатата година во неговото време во Ф2,  неговите пол-позиции и само неговото општо темпо, така што за мене беше очекувано, но очигледно за сите други можеби не толку.

Одлично е затоа што се бориме за истите работи, ги даваме истите коментари. Се разбира, тој нема искуство колку мене, но го има вистинскиот талент и правилниот став.

Сигурен сум дека тоа е почеток на добра соработка и тој дефинитивно ќе ме притиска – вели Албон.

Откако го оштети предното крило во квалификациите за кои веруваше дека го чинело место во К3, Албон на крајот ја заврши трката на 10то место, обезбедувајќи го најдобриот резултат на Вилијамс на првата трка од 2017 година. Имајќи предвид дека Вилијамс ќе биде на задниот дел од Ф1 гридот на почетокот на сезоната, Албон беше импресиониран од начинот на кој тимот го изведе целиот викенд во Бахреин за да освои поен.

Беше навистина добро. Кога ќе ја погледнете нашата стратешка анализа, споредба и темпо, бевме 10ти најбрзи, нема никаква тајна за тоа. Направивме одлична работа за се да функционира, така што јас сум пријатно изненаден, искрено.

Имаме уште работа, Ги знаеме нашите ограничувања, знаеме дека можеме да направиме краткорочен напредок, па сепак да освоиме поени. Астон Мартин се разбира направи неверојатна работа, тие се на подиумот, но ако вие погледнете го нашето подобрување, ние сме втори најдобри.

Завршивме огромна работа од минатата година и еве сме. Ние сме во подобра борбена позиција. Ни требаат уште неколку десетинки за да бидеме во средниот ред, но јас сум многу среќен.

Под водство на поранешниот клучен човек на Мерцедес, Џејмс Воулс, како најнов тимски шеф, Вилијамс ќе се стреми да напредува по лошата сезона што ја преживеа минатата година. Иако покажа знаци на оживување во 2021 година со искачувањето на табелата за прв пат по четири години, британската екипа падна на дното на поредокот во 2022 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ