Албон подготвен за нормална сезона

Александер Албон очекува многу понормална сезона следната година откако сигурно е дека ќе ја одработи за Ред Бул откако на големо изненадување на средина од оваа беше прекомандуван од јуниорскиот Торо Росо во сениорската екипа од Милтон Кинс.

Тој годинава го замени Пјер Гасли чии перформанси не ги исполнија очекувањата, а британецот со тајландско потекло одлично се носеше со притисокот да се биде колега на Макс Верстапен. Следната тркачка сезона ќе биде прва во кариерата на Алекс во која тој не променил екипи помеу сезоните, нешто што ќе му даде стабилност што тој смета дека ќе му донесе посилни резултати.

треба да бидам свесен каде сум. имав само една година пред себе, а пред половина година бев со друга екипа. следна цел ми е да го намалам заостатокот ад макс.

сакаме да почнеме доста посилно следната година, а момците веќе без престан работат во фабриката затоа што сакаме сериозно да ги притиснеме ферари и мерцедес и се надевам дека во мелбурн ќе бидеме на самиот врв.

чувствувам дека следната година ќе биде многу понормална за мене откако оваа дебитантска дефинитивно беше се, но не беше нормална и вообичаена – посакува албон.

На Алекс му фалеа само два кругови во Бразил за да стигне во подиум, откако токму на толку кругови пред крајот на трката имаше контакт со Хамилтон кој го чинеше подиум. И покрај тоа што на таа трка немаше пласман, тој смета дека истата е доказ оти може да се бори за челните позиции.

ако го анализирам целиот тој викенд, има многу повеќе позитивни од негативни работи од бразил, беше добро и горд сум на трката, но секако дека сакав повеќе. по трката бев повеќе разочаран за тимот одошто за самиот себе. ќе беше одлично да ги донесев тие дополнителни поени и подиум, но тоа се случува, такво е тркањето и се беше готово веќе седното утро.

вкусив каков може да биде бразил и сакам да научам од тоа во текот на зимата за да бидам посилен догодина.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ