Албон презадоволен со одличните квалификации

Александер Албон од Вилијамс изјави дека извадил максимум од квалификациите и ќе стартува од 8та позиција во Австралија.

Покрај болидите на Ред Бул, Астон Мартин, Мерцедес и Ферари, Албон ќе стартува во топ 10. Иако сите се плашеа од дожд во последниот сегмент кој никогаш не се појави, Албон максимално ги искористи софт гумите на квалификациите во последниот обид.

Имаме тимови пред нас. Се мачев со гумите на Џеда и болидот беше тежок за возење, Но тука имав повеќе потенцијал и работевме понапорно. Го исполнивме планот за мене. Ова беше лесна сесија без грешки и се беше во ред – среќен е британецот со тајландско потекло.

Албон смета дека ФВ45 не е стандарден Ф1 болид и тие знаат на кои патеки ќе бидат посилни.

Немам нормален болид бидејќи овој е поефикасен кога нема потисна сила. Знаеме на кои патеки ќе сме силни како Монца и има 50-50 шанси на сите останати.

Астон Мартин имаат поголема потисна сила од нас, но се фокусираме на две области и имаме повеќе крајна брзина од потисна сила. Губиме каде треба да се вози побавно и е потребна потисна сила.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ