Албон: Ред Бул знаат што сакам догодина

Александер Албон се надева дека ќе успее да го прилагоди Ред Бул болидот за следната година повеќе на себе за време на предсезонските тестови со екипата следната година.

Британецот со тајландско потекло ги мина првите 12 трки од календарот во Торо Росо пред да мине во Милтон Кинс за вториот дел од сезоната на местото на Пјер Гасли. Во Ред Бул се покажа многу постојан, заври во топ 6 на сите трки освен на Интерлагос каде по сударот со Луис Хамилтон остана без подиум.

Тој се надева дека следната година ќе биде многу попстабилна за него:

во текот на еден гранд при тркаки викенд не може д асе променат многу работи затоа што ризикот е преголем, но мислам дека екипата веќе разбира што јас барам и сакам од болидот и на тоа ќе се фокусираат. на тестирањето атмосферата секако дека е поразлична, не е како на слободните тренинзи каде мора да одработите се како што треба.

тестовите се одлично време да се фокусирате на тоа што ви треба и што го барате од болидот и да го добиете тоа што ви треба. но, иако е време за експерименти, имам само три денови и морам да ги искористам максимално пред првиот викенд во мелбурн.

времето е ограничено, но подобро тоа одошто ништо – смета албон.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ