Албон: Резултатот од Мајами не ме изненади

Алекс Албон од Вилијамс изјави дека не е изненаден од топ 10 завршницата во Мајами откако претходно го направи истото во Австралија. 

Британецот со тајландско потекло беше 9ти на третиот тренинг, но поради прегревање на гумите на квалификациите, заврши на 18та позиција. На трката стигна до поен преку 10то место и го повтори успехот од Мелбурн. 

Среќен сум. Бев добар во текот на викендот и помалку сум изненаден од Мелбурн. Бевме во топ 10 на слободниот тренинг и не бев при крај со горивото, а10то место е одлично. Имаше излетувања напред и ние бевме веднаш зад нив, Но среќен сум.

Имав проблем на квалификациите. На Имола имав проблем со сопирачките, а Во Мелбурн со системот за гориво – посочи алекс.

Албон очекува добра борба откако сега се борел со Расел кој заврши на 5та позиција. 

Се боревме со Расел на почетокот, дури и го престигнав. Подоцна се борев со Рикардо и Не би рекол дека тоа е среќа. Бевме оптимисти со стратегијата. Сепак го заслужив поенот и тоа е бонус. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ