Албон сака победа годинава

Британецот со тајландксо потекло, Александер Албон, посакува да победи на трка уште оваа година, што ќе биде многу тешка задача крај ултра-конкурентниот Макс Верстапен. За време на тестирањето во Барселона, тој изјави дека смета оти падокот очекува нешто посебно од Ред Бул годинава.

се чувствува и во фабриката дека сите се надеваа и очекуваат нешто големо и неверојатно оваа година – најави албон за Speed Week.

23-годишникот е свесен дека треба да се подобри годинава покрај тоа што лани се докажа дека е дораснат да остане во сениорскиот тим, но сеуште нема подиум зад своето име.

лани морав од време на време да се потсетувам дека сеуште сум дебитант. по летната пауза не се чувствував така затоа што очекувањата од мене беа многу големи, но тоа не е никакв оправдување затоа што годинава сакам да се борам при врвот. не сум извлекол се од себе и има области каде треба да е подобрам и да пораснам.

сеуште учам и покрај тоа што лани завршивме силно, сакам да го надоградам тоа и идеално би било да победам на трка годинава.

најважно е секоја трка да се подобрувам и да сум сигурен дека сум дал се од себе и да сум задоволен од тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ