Албон се надева дека времето ќе создаде изненадувања

Временската прогноза за Гранд При трката во Монако е неизвесна, а најавен е дожд во текот на викендот, нешто што Алекс Албон смета дека е му донесе предност на него и неговата екипа.

Легендарната патека сама по себе е огромен предизвик за возачите, а доколку врне како што се најавите, тогаш е уште поинтересно.

Албон е возачот кој го освои единствениот поен за Вилијамс сезонава и поради неконкурентноста на својот болид, сака лошо време од кое се надева дека ќе искористи.

монако е домашна трка за многу од нас. уживам да возам таму и секако знаеме дека е трка на која сабота е многу важна и фокусот на сите се кон квалификациите. се работи за улична трка, многу улични веќе извозевме годинава, но за оваа треба многу поголема самодоверба во текот на викендот.

делови за излетување не постојат така што треба да се напаѓа, но многу внимателно и со многу самодоверба во болидот.

во однос на конкурентноста ќе биде инетресно и се надевам дека времето можеби ќе создаде изненадување и ќе го направи настанот понепредвидлив и поизненадувачки – посака британецот со тајландско потекло.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ