Албон се надева дека новините во Вилијамс е го подобрат болидот

Александер Албон се надева дека новините кои Вилијамс ги подготвува оваа сезона ќе го подобрат балансот на бавниот ФВ44 болид на екипата.

Тимот се мачи годинава и многу често е најбавен болид на гридот, особено на квалификации кога пресудна е брзината во текот на еден летечки круг. И покрај тоа, британецот со тајландско потекло дојде до поени во Австралија со предолга серија на хард, а топ 10 беше и во Мајами кога имаше конкурентен болид.

сите носат новини, а ние немавме нешто значително веќе некое време – посочи алекс.

Првичната најава е ФВ44 да добие новини на Британското Гранд При следната недела со цел да се отстранат некои од проблмите со кои се соочуваат возачите.

во однос на балансот имаме слабост на болидот која не можеме да ја поправиме во моментов. со новите треба да се подобрат карактеристиките на болидот низ кривините и се надевам дека тоа и ќе го подобри балансот.

сепак, ништо не може да биде брзо, се зависи од патеките, во монтреал има летечки кривини и многу бавни, а во силверстон се е летачко. за нас е многу тешко да најдеме време во летечки круг- посочи тој.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ