Албон: Суеверието се исплатеше

Црвената коса на Алекс Албон, според него, му ги донела вторите поени оваа година. 

Возачот на Вилијамс дојде со нова црвена на косата за која објасни дека е поради суеверие. По Австралија, каде го освои поенот, тој имаше фарбан дел на косата, но тогаш тоа беше во добротворни цели кога отпатува во родниот Тајланд. 

На наредната трка на Имола, бојата падна од неговата коса и тој не освои поени. Сега тој повторно се офарба и освои два поени со своето 9то место во Мајами.

Не се потребни надграби, само ќе ја обојам косата. Да бидам искрен, само квалификациите беа чудни, Но на трката се поправив. Имав добро темпо и ги стигав тие пред мене. Напредував со сударите напред и ги стигав останатите. Пред викендот рековме дека доколку освојам поени целиот тим ќе ја исфарба косата. Потоа отидов кај инженерит и се шегувавме дек црвената боја имала ефект.

Мислам дека имам голема подршка и одиме напред. Поспремен сум од претходните години и поискусен. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ