Алези: Неверојатната битка за титула стана лотарија

Шампионската битка помеѓу Луис Хамилтон и Макс Верстапен ќе го забележи својот крај на трката за Големата награда на Абу Даби. Поранешниот Формула 1 возач, Жан Алези, открива зошто мисли дека титулата може да оди во било која насока.

Французинот смета дека борбата за титулата во Формула 1 во 2021 година станала како лотарија со оглед на тоа колку се изедначени конкурентите. Луис Хамилтон и Макс Верстапен одат на финалето на сезоната во Абу Даби со еднакви поени по нивната битка за време на Големата награда на Саудиска Арабија, трка на која Хамилтон победи, а Верстапен остана на второто место и покрај тоа што доби две временски казни.

Алези уживаше да гледа како борбата меѓу двајцата продолжува во Џеда и верува дека тоа покажува колку возбудлив беше дуелот во текот на целата година.

Каква неверојатна битка видовме меѓу Луис Хамилтон и Макс Верстапен.

Трката во Саудиска Арабија за мене е најдобрата цела оваа сезона. Тоа е всушност одлична сезона во Формула 1 и токму таков треба да биде спортот.

И покрај некои контроверзии околу некои од одлуките донесени за време на Големата награда на Саудиска Арабија, кои ги бранеше извршниот директор на спортот, Рос Браун, Алези вели дека верува во тоа како се води битката за титулата.

Многу работи се случија и затоа раководството на трката мораше да донесе некои одлуки, а вие треба да имате верба во одлуките што ги донеле.

Најдоброто нешто што може да се одземе од Џеда е тоа што и двајцата возачи имаат добар болид и двајцата возеа на граница. Затоа и двајцата возачи ги заслужуваат сите комплименти.

Меѓутоа, кога станува збор за предвидување кој би можел да ја освои титулата, Алези верува дека е невозможно да се каже.

Како резултат на тоа, шампионатот сега стана лотарија. Апсолутно нема начин да се предвиди кој ќе ја освои титулата во Недела и токму тоа е сценариото што сакате да го видите на последната трка од годината.

На крајот на краиштата, може да биде како викендот во Саудиска Арабија, кога едниот вози добро во квалификациите, а другиот на трката. Тоа ја прави оваа сезона тотално непредвидлива и затоа не се осмелувам да ги ставам парите на ниту еден возач.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ