Алези: Сезонава не е лоша за Ферари

Поранешниот возач на Ферари, Жан Алези верува дека тимот нема така лоша сезона како што се мисли и дека не е отфрлена борбата за титулата. 

Ферари беше доста силен на почетокот на сезоната и победи на две од три трки, но во моментов Ред Бул води пред Ферари со 97 поени. 

Немаат лоша сезона. Во последните години имаа лоши болиди и неколку лоши сезони. Едвај се качија на подиум минатата година и решија да се поправат.

Сега имаат нов и многу брз болид кој е секаде конкурентен, Но носат лоши одлуки. Мала грешка може да направи голем проблем – свесен е французинот.

Ферари последната титула ја освои во 2008 година и од тогаш Ред Бул и Мерцедес доминираат. Алези смета дека треба да помина уште некое време пред да бидат во можност да освојат титула. 

Важно е да имаат брз болид и подоцна да работат на освојување на титулата и да го подобруваат тимот. Сега се борат со група како Мерцедес и Ред Бул кои последните 12 години доминираа. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ