Алези: Факт е дека често го снемува Перез

Серхио Перез не го импресионирал Жан Алези на трката во Бахреин, францускиот возач кој 5 години возеше за Скудерија Ферари.

Иако славниот тим од Маранело со Шарл Леклер водеше во текот на трката, сепак многу им помогна откажувањето на двата болида на Ред Бул поради проблем со пумпата за гориво. 

Саинз е мирен, константен и стигна до втора позиција, но Перез често го снемува – посочи алези.

Во смисла за силина на возачки тандем, Алези смета дека Хамилтон и Расел се експлозивна двојка и тоа може да е проблем. 

Хамилтон покажа дека останува најсилен, додека Расел сака да покаже дека може да го победи шампионот. Ова е контрапродуктивно за тимот. 

Возачот кој стартуваше на 201 трка и имаше 32 подиума верува дека во Ферари владее хармонија и се надева дека ќе има уште победи. 

Леклер и Саинз се најдобрите на светот поради разликата во карактерот. Шарл е инстинктивен, Имаше неверојатна трка и го престигна Верстапен три пати, иако нема толку многу посилен болид.

Карлос е тврдоглав бркач. Се мачеше да се држи до првите двајца, но сепак беше блиску зад нив. Се приближуваше полека и бараше начин да ги стигне. Тоа е одличен тим. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ