Александер Роси задоволен што Алонсо не победил на Дакар

Александер Роси призна дека му олеснало што Фернандо Алонсо не победил на овогодинешното издание на Дакар и со тоа покажал дека не е воопшто лесно да се менува тркачка серија.

Двократниот Формула 1 првак мина голем дел од минатата сезона тренирајќи во пустина за престижното и пеколно тешко рели Дакар. На крајот, со својата Тојота Хилукс заврши ан 13то место иако имаше и фобри пласмани, но и превртувања.

ми олесна што не победи затоа што тој е еден од најдобрите тркачи во светот, но и тоа не значи дека може да промените тркачка категорија и да ги победите конкурентите кои таму се подолго време. такво нешто не постои – смета роси.

Самиот Роси има два рели обиди на Баиа 1000 релите во Мексико, а годинава ја преврти на покрив својата Хонда и мораше да се откаже.

сакав алонсо да се покаже добро, но не сакав да победи затоа што тоа многу ќе ме вознемири. два пати сум се тркал на баиа релито и не сум победил во мојата класа, така што ќе се изнервирав доколку тој во свој прв обид победеше на дакар.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ