Алеси, Арно и Малдонадо на Историското ГП на Монако

Жан Алеси и Рене Арно се очекува да се натпреваруваат со болидите на Ферари 312Б3 во Формула 1 од 1974 година, како тимски колеги на настанот Историско Гранд При на Монако кој ќе се одржи од 23 до 25 Април.

Арно требаше да се натпреварува на настанот во 2020 година, пред пандемијата од КОВИД-19 да доведе до одложување за оваа година. Доцнењето му дозволи на германскиот учесник, Метусалем Рејсинг тим, да го добие и Алеси во тимот. Поранешните возачи на Ферари ќе учествуваат во настанот во Серија Ф, за 3-литарски Формула 1 болиди од ерата 1973-76.

Арно се тркаше на Гранд При трката во Монако дури 10 пати помеѓу 1979 и 1989 година, завршувајќи трет со Ферари во 1984 година. Алеси направи 12 стартови во кнежевството помеѓу 1990 и 2001 година, освојувајќи го второто место на дебито со Тајрел и заземајќи ги третите места за Ферари во 1991 и 1993 година.

Болидот 312B3 првично се натпреваруваше во текот на сезоната во 1974 година и беше возен од страна на Ники Лауда и Клеј Ригацони и во поголемиот дел беше предводник на гридот.

Лауда ја постигна својата прва победа во Формула 1 на Јарама во Бразил и повторно триумфираше во Зандворт, истовремено стигна до девет пол позиции, вклучувајќи го и Монако.

Ригацони ја постигна единствената победа на Нирбургринг, но швајцарскиот возач остана во конкуренција за титулата до последната трка. Исто така, на теренот во Серија Ф е и поранешниот возач на Формула 1, Алекс Кафи, позади воланот на Енсин Н176 од 1976 година.

Другото големо име на влезната листа за викендот е победникот на Шпанското Гран При во 2012 година, Пастор Малдонадо, кој ќе вози Масерати 4ЦM од 1937 година во трката за болиди пред војната, позната како Серија А.

Како Арно и Кафи, Малдонадо беше пријавен во 2020 година, но мораше да чека една година за да учествува. Автомобилскиот Клуб на Монако (АКМ) вели дека и покрај пандемијата има добиено 170 пријави за своите седум историски трки.

Планираната 70-годишнина од прославата на Формула 1 беше одложена поради минатогодишните настани, а фокусот на настанот оваа година ќе биде прославата на 70-годишнината од првата победа на Ферари на Светскиот шампионат, постигната од Хозе Фролан Гонзалес на Силверстоун во 1951 година.

Иако според соопштението на АКМ навестува дека ќе им се дозволи на гледачите, сè уште не се дадени детали за аранжманите за Историското ГП, ниту за настаните во Формула Е и Формула 1 што ќе следат. Портпарол на АКМ изјави:

Организацискиот комитет на трите претстојни настани всушност работи на различни сценарија, па затоа ќе објавиме вести веднаш штом ќе биде донесена одлука.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ