Алисон не сака да биде шеф на тимот

Тимскиот шеф на шампионскиот Мерцедес, Тото Волф, откри дека актуелниот технички директор, Џејмс Алисон, јасно му ставил до знаење дека не сака никогаш да го наследи на првото место во Формула 1 екипата.

Неделава Мерцедес официјално соопшти дека од првиот ден на Јули, Алисон ќе мине на нова позиција, направено специјално за него како Главен технички директор, што во одредени кругови беше прокоментирано како прв чекор кон превземање на шефовското место во екипата.

Волф останува тимски шеф во догледно време откако во пресрет на сезоната ги разгледуваше своите опции и не криеше дека сака да биде помалку вклучен во секојдневието на тимот, но остана да ја извршува главната улога..

ако реално гледам на работите, џејмс е совршено способен да биде шеф на екипата, а во организацијата сите имаат огромна почит за него. но, лесно е да се донесе одлука кога тој ќе ви каже дека никогаш не сака да биде шеф затоа што, по него, тоа бара вештини кои тој смета дека ги нема.

џејмс и јас разговараме повеќе пати во текот на еден ден и се координираме во врска со се и во иднина кога ќе ја превземе новата улога ќе бидеме уште повеќе во контакт. минаа една или две години откако разговаравме за неговото место и евентуално превземање на тимот. кога јасно ми стави до знаење дека тоа не е за него. одтогаш гледам, набљудувам што се случвува, кој е добар во која работа и кој да ме наследи кога ќе се повлечам од ова лудило – посочи тото.

Австриецот смета дека Алисон е совршен човек за улогата на Главен технички директор, а негов наследник ќе биде Мајк Елиот, кој исто така феноменално се вклопувал во тимот.

џејмс е многу вреднос средство на екипата и не е само брилијантен инженер, но исто така и лидер. има одлично знаење за се што се случува во формула 1 и надвор од техничкиот дел кој му е специјалност.

тој е мој спаринг партнер кога разговараме за стратешки одлуки, политички дискусии и се вклучуваме во работата на други оддели и тркачки програми. поради тоа логичен чекор е тој да биде мој близнак во тимот.

има смисла секоја моторспорт програма да иа свој главен технички директор, така што јас сум главен извршен, а тој главен технички директор, а тој беше задоволен од мојата идеа. работиме на тоа цела година, а од друга страна мајк елиот дојде од рено каде беше главен аеродинамичар.

со елиот имам одличен однос низ годинтие, тој е гладен за успех, интелигентен и интелектуален инженер, некој кој беше темел на успехот и беше признаен од организацијата.

поради тоа сум среќен што ќе стане технички шеф, но во исто време и што има фантастична група околу се за во иднина.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ