Алисон свесен дека направиле глупост со последното менување

Техничкиот шеф на Мерцедес кој овој викенд беше главен на тимот, Џејмс Алисон, призна дека последното менување кај Луис Хамилтон било глупава и почетничка грешка која ја направиле. Тој дополни дека екипата згрешила што му дозволила на Луис сам да донесе одлука особено поради фактот што тој ги немал сите информации на ум.

Британецот се возеше на 2ро место зад Макс Верстапен во последниот дел од трката кога сударот помешу болидите на Ферари донесе второ безбедносно возило. Во тој момент Луис дискутираше со својот инженер.

кажи ни ако сакаш нови гуми, но ќе загубиш едно место – кажа боно.

вие донесете одлука – одговори хамилтон, по што следуваше “влегувам, влегувам“.

Во реалност, Хамилтон загуби две позиции, една од Алекс Албон од Ред Бул, а друга од Пјер Гасли од Торо Росо, така што се врати на 4то место на само два круга пред крајот на трката.

Гасли го мина доста лесно, но имаше контакт со Албон, по што французинот си ја врати загубената позиција и успеа да ја сочува до крајот. Контактот со Алекс го чинеше казна од 5 секунди по трката и назадување од првичното 3то место на официјално 7мо.

до тој момент немавме добра нити чиста трка и направивме нешто глупаво што мислевме дека ќе ни донесе напредување поради свежите гуми со доволно кругови до крајот на трката за да нападнеме за водство.

тоа беше сосема погрешно затоа што загубивме две позиции, не го проценивме добро гасли, а со остатоците на патеката ќе ни требаа многу повеќе кругови одошто сметаме за да добиеме од менувањето.

тоа беше почетничка грешка, но и немавме доволно брз болид денеска за да можеме така да ризикуваме. тоа е тоа, погрешивме – призна алисон.

Инженерот, сепак не го обвини својот возач кој ја прифатил понудата што му била ставена “на маса“ и одбрал да вози со свежи гуми преостанатите неколку кругови.

грешката беше целосно наша затоа што видовме нешто што ни личеше на можност, не беше јасно дали е правилно или погрешно, но можност постоеше.

сакавме да му дадеме на луис шанса да проба, но не требаше тоа да го направиме без соодветните информации. рековме дека ќе загуби едно место, но загуби две, требаше поинаку да изиграме. тој одбра да промени гуми затоа што сака да се трка, но ние погрешивме што му дозволивме.

откако му дозволивме сам да одбере дали ќе влезе во боксот срцето ни отиде во петици. кога видовме дека излезе зад гасли си рековме “што ли направивме?“ – заврши џејмс.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ