Алонсо: Алпин се подобри отколку лани ова време

Фернандо Алонсо смета дека “неговиот“ Алпин е во подобра форма во моментов одошто тоа беше случајот пред 12 месеци и посочи дека повеќе не им недостасуваат ресурси споредено со најдобрите екипи од гридот.

Француската фабричка екипа заврши на 5то место кај конструкторите лани, дојдоа до победа со Естебан Окон во Унгарија, а Фернандо Алонсо им придодаде подиум во Катар. Поранешниот фабрички Рено е во ситуација на реструктуирање на врвнито менаџмент, шефот Марцун Будковски и Советникот Алан Прост заминаа, а веројатно Отмар Шафнауер од Астон Мартин ќе ги предводи годинава.

сеуште ги немаме решено сите проблеми, но секако дека секој има право на свое мислење. јас имам големо искуство во работата во различни екипи и видов каде сме слаби и каде силни. секогаш се обидувам да помогнам и можам да кажам дека сме многу подобро подготвени одошто пред 12 месеци.

во подобра форма сме одошто лани во март пред трката во бахреин, но сеуште има некои работи кои треба да ги поправиме. ни треба посилен мотор затоа што таму заостануваме, но рено работи на целосно нов проект, а секако дека можеме подобро и со аеродинамиката.

тешко е точно да се каже каде е заостатокот во моментов, ова само претпоставки и надежи затоа што одиме целосно во непознато оваа година – посочи двократниот првак.

Нандо посочи оти тимот од Вокинг ги има сите ресурси за да го намали било кој заостаток во однос на водечките и повеќе не може да се правда со помал буџет споредено со лидерите.

оптимист сум дека ги имаме вистинските ресурси и посветеноста на лука де мео и лорен роси заедно со целосниот менаџмент. ограничениот буџет значи дека повеќе најдобрите екипи немаат колку што сакаат средства за трошење, сите работиме со исто средства и перформансите зависат само од нас, право на грешка немаме. не може повеќе да се правдаме дека работие со помалку пари или помалку ресурси.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ