Алонсо: Астон ќе се бори за титула за 2-3 години

Двократниот Формула 1 првак, Фернандо Алонсо, ги поддржа Астон Мартин во предизвикот да се борат за титулата за две до три години. 

Тој си замина од Алпин во Астон Мартин на повеќегодишен договор откако помина две години во француската фабричка екипа. Шпанецот веќе има 41 година и има доста искуство на гридот. Неговата одлука ги изненади сите, но тој смета дека го направи вистинскиот избор. 

Го сакам тоа што го правам и Секако сакам болид кој може да се бори за титулата. Мислам дека најголема шанса има Астон Мартин да го постигне тоа за две до три години. Тоа е важно за мене поради мојата возраст. Ќе бидам задоволен доколку станеме шампиони. Среќен сум со новиот проект и сакам успех што побрзо. 

Астон Мартин прави нова фабрика во Силверстон во обид да се бори за титулата. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ