Алонсо: Верстапен е чекор пред сите годинава

Фернандо Алонсо смета дека конкурентите за овогодишната титула возат неверојатно добро, но дополни и дека Макс Верстапен е чекор пред сите сезонава.

Макс и Луис заедно победија на 17 од вкупно 21 трка возени годинава и на последната трка влегуваат со исти број на поени, но Макс има победа повеќе.

двајцата изгледаат одлично и ги покажуваат своите врвни перформанси во моментов. двајцата возат неероајтно добро, ретко грешат и се до лимитот на секоја трка. гледате дека се на прво и второ место на секоја трка, на друго ниво се споредено со останатите и фантастично е да се гледа како се притискаат еден со друг.

но, не знам како ќе биде на последната трка, ќе видиме. мислам дека многу ќе зависи од пакетот кој ќе го има на располагање. во последно време мерцедес има повеќе перформанси и победија неколку трки по ред, но во однос на возењето, по мене макс е чекор пред сите нас.

видовме каков круг одработи на џеда во квалификациите пред да ја допре оградата во последниот круг, тоа беше круг од макс, не од ред бул и беше невиден.

мерцедес го заслужуваат насловот кај конструкторите затоа што сметам дека имаат супериорен болид, но макс покажа најмногу во секој дел од сезоната – смета фернандо.

Сепак, шпанецот потенцираше дека не преферира ниту еден возач во борбата за наслов во моментов.

јас не сум во таа борба, ниту мојот тим, така што немам некоја преференција. она што се случува на чело од поредокот, го следам како фан на моторспортот, секогаш е така и одлично е да се гледа таква борба од надвор.

кој и да победи нема да промени ништо во однос на мојот пристап, како што реков, секој има мислење и секој поддржува некого.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ