Алонсо: Верстапен ја уништи коцката на Астон Мартин

Алонсо мораше да заврши на втора позиција на променливите услови на трката во Монако откако неговиот тим се коцкаше со гумите.

Тој стартуваше на хард гуми и возеше долго се додека не се појавија првите капки дожд и се реши да менува на медиум гуми.

Но одлуката се покажа како погрешна и мораше повторно да промени на интермедиа гуми.

Верстапен почека круг плус и промени веднаш на интермедиа што ја одлучи трката.

Беше тешко. Одлучивме да стартуваме на хард и се откажавме од нападот во првиот свиок. Се надевав на долг стинт но Макс беше одличен со медиум гумите. Немавме шанса ни на крајот со дождот и не беше лесно да се вози тука.

Многуте контакти со бариерите во влажните услови сепак не направија многу проблеми и само двајца возачи не ја завршија трката.

Алонсо објасни дека не можел да вози со полна сила.

При крајот не се возеше со полна сила бидејќи имавме проблем со сопирачките во свиоците пет и десет. Не беше лесно и изненаден сум дека немаше безбедносни возила, немаше инциденти и мислам дека беше неверојатно што сите болиди беа на патеката.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ