Алонсо возбуден од можноста сериозно да нападне за титула

Фернандо Алонсо смета дека можноста да нападне и освои нова Формула 1 титула ќе биде неверојатна поради времето кое е минато од неговиот поранешен успех.

Шпанецот беше најмлад првак кога ја освои титулата во 2005 годна, а успехот со Рено го повторија и следната 2006 година, но и покрај тоа што следниот период го мина во тогаш синиот Мерцедес, а потоа и Ферари, не стигна до нов наслов.

Во врсска со причината порди која се откажал од Формула 1 во 2018 година, Нандо посочи дека неговите константни силни перформанси не биле наградени како што заслужувал.

кога се повлеков не сакав да се тркам затоа што оите перворманси и конкурентност беа одлични како и секогаш, но луѓето не го гледаа тоа – објасни фернандо.

По две години тркање во други дисциплини и успехот на легендарната 24 часа Ле Ман, двократниот пвак се врати во фабричкиот Алпин тим, ребрендираниот Рено со кој освои два наслови. Но, незадоволен од перформансите, направи трансфер за оваа година во Астон Мартин со кои иа феноменални перформанси и четири подиуми на првите пет трки од сезоната. Астон се на второ место во поредокот кај конструкторите со фантастичен пакет.

покажувам дека сеуште сум многу брз без оглед на годините, тоа е одлична приказна за моето враќање во формула 1. да се стгне до 33та победаи да се борам за нова титула ќе додаде дополнителна драма на целата приказна.

верував во овој проект и мислам дека убава авантура за мене на крајот од мојата кариера, да се тркам за екипа која има толку многу желба за победа. сметав дека ќе биде потребно повеќе за да се стигне до ова ниво, мислев дека веројатно во 2024 година ќе бидеме во борба за подиуми и не очекував вака силен болид уште сега.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ