Алонсо донираше за здравствените работници

Шпанецот Фернандо Алонсо се приклучи во борбата против коронавирусот со доста голема донација кон тие што се во првите борбени редови.

Пандемијата на Ковид-19 принуди многу земји да направат карантин откако бројката на починати како последица на вирусот порасна на 39.000.

Претходно Формула 1 тимовите се здружија да помогнат во развој на опрема за борба со вирусот кој ги напаѓа белите дробови.

Сега Алонсо се приклучи со донација од 4,000 сета заштитна облека и 300,000 заштитини маски за здравствените работници. Тој служи како амбасадор на УНИЦЕФ.

Алонсо сепак е оптимист дека ќе започне сезоната во ИндиКар оваа година со двојна трка во Детроит за два месеци.

Тешко е да се замисли дека 30 мај ќе биде првата трка во новиот календар, Но се надевам дека тоа ќе се случи. Моите планови се да се подготвам за Шарлот со неколку сесии и подоцна започнуваат припреми за Инди 500. Се надевам дека се ќе се случи во Август.

Со Мекларен се обидуваме да видиме што ќе се случи со новиот календар и ќе имаме неколку симулации со Шевролет. ВО моментов чекаме да видиме што ќе се случи како и сите. Чекаме дома и тренираме напорно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ