Алонсо е пречка за Рикардо во Мерцедес

Шпанските медиуми пренесуваат дека Фернандо Алонсо е главна пречка за премин на Даниел Рикардо во Мерцедес од следната година. Австралијанецот ја одработува својата последна сезона во Ред Бул и стави јасно до знаење на своите шефови дека сака победи и титули и поради тоа ќе почека пред да потпише нов договор со било која екипа.

Празни места во 2019 година може да се отворат во Мерцедес затоа што Валтери Ботас е на едногодишен договор, а иста е и ситуацијата со другиот финец во Ферари, Кими Раиконен.

Според шпански Diario Gol, Мекларен сериозно страда поради огромниот трошок кој го исплаќа на име плата за Нандо, износ кој се вели дека изнесува околу 40 милиони евра годишно. Медиумите пренесуваат дека ова е последна година која во Вокинг ќе се прави толку скапа жртва за Алонсо и дека годинава е потпишан нов договор со него само поради тоа што чувствувале обврска кон шпанецот за трите очајни сезони кои му ги приредија заедно со Хонда.

Мекларен во тој случај би сакале кај себе да го земат Валтери Ботас, а со тоа би останало слободно место во Мерцедес, по што би следувал трансфер на Рикардо во Бракли, а Карлос Саинз би бил прекомандуван во Ред Бул. За Алонсо се шпекулира дека би можел да се врати во Рено, екипа со која освои две титули.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ