Алонсо жали што Хонда си заминува

Фернандо Алонсо изјави дека жали што Хонда си заминува од Формула 1 откако ја освоија возачката титула со Макс Верстапен. 

Во 2020 година, Хонда најавија дека ќе се повлечат на крајот на оваа сезона и Ред Бул ќе си прави сам мотор за своите тимови откако претходно ги превзема правата за истиот од Хонда. Иако јапонците ќе им помагаат на Ред Бул околу моторот, сепак развојот ќе биде според барањата на Ред Бул и под контрола на Ред Бул. 

Откако Хонда се вратија во Формула 1, имаа тешки три години со Мекларен по што соработката беше прекината. 

Кога тие си заминаа од Мекларен, мислам дека не ни сонуваа за титула, Но ставија вистински луѓе на вистински позиции, Го променија менаџментот и филозофијата и среќен сум за нив.

Сега ми е жал што си заминуваат и Се надевам дека ќе се вратат. На последните трки зборував со Јамамото бидејќи имаме одличен однос. Ми дозволи да тестирам МотоГП и слично. Тој беше првиот што му честиташе на Макс и среќен сум за нив – откри нандо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ