Алонсо задоволен од силниот почеток на тркачкиот викенд

Фернандо Алонсо беше среќен што го неговиот тим го задржа моментумот од Бахреин и на втората трка оваа година.

Шпанецот стигна до подиум на Шакир по силниот предсезонски тест по силните дуели на патеката против Мерцедес со Хамилтон и Ферари со Саинз. Загриженоста беше во однос на тоа дали АМР23 пакетот ќе биде силен и на другите патеки, а петочните сесии покажаа дека тоа е така.

Првиот ден во Саудиска Арабија Нандо го заврши со второ време само две десетинки од она на Макс Верстапен и пред вториот болид на Ред Бул.

имавме силен ден и продолжуваме да го учиме болидот. знаевме дека џеда ќе биде поинаков предизвик од бахреин, а овдека е на некој начин како втор тест.

петочните сесии не секогаш нудат добри податоци, во бахреин бевме добри, прво бевме на врвот, а потоа “паднавме“ на 5то место. никогаш не се знае точно до каде сте пред квалификациите, но ние тестиравме и пробувавме работи на болидот кои се покажаа добри.

се обидуваме да го оптимизираме сетирањето и да се прилагодиме на брзата патека. мислам дека сеуште немаме идеален баланс и треба да добиеме повеќе грип во пресрет на квалификациите.

имаме многу податоци за анализа како и секогаш по петочни сесии и ќе продолжиме да анализираме се за остатокот од викендот, а главна цел во моментов ни е последниот квалификациски сегмент – објасни алонсо.

Запрашан каде смета дека е по петочните тренинг сесии, шпанецот одговори:

искрено не знам, јас сао го возам болидот, а на квалификации ќе видан точно до каде сум. јасно е дека има разлики помеѓу екипите и трките, но и патеките, имаме многу подтоци за анализа и многу претпоставки и предвидувања. тоа е убавината на формула 1.

тешко е ние возачите да кажеме до каде сме по петочни тренинг сесии, но јас сум задоволен со добриот почеток.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ