Алонсо задоволен: Подобро е одошто во Барселона

Фернандо Алонсо откри дека сите во Алпин се поголеми оптиисти и позадоволни од болидот одошто на претходниот тест во Бахреин.

Во Шпанија, француската фабричка екипа имаше 8мо најбрзо време, а последниот ден во најголема мера го пропуштија поради проблеми со худрауликата. Како и останатите, Алпин донеле новини, а Окон постави најбрзо време во утринскиот дел во Петок.

имавме чуден ден во петок и проблеми попладнето, особено кога дојде мојот ред за возење и не ја завршив посакуваната работа. но, напредувавме, болидот е подобар одошто во барселона, тоа е сигурно. донесовме нови работи кои ќе ги пробаме и се надеваме дека ќе бидеме одлични на првата трка.

сите работат без престан и среќен сум и оптиист дека ќе биде подобро и ќе бидеме силни на гранд при насанот следната недела – посака алонсо.

Шпанецот посочи дека тестот во Бахреин не покажал некакви особени проблеми со А522 болидот на тимот и дека научиле многу во однос на однесувањето на пакетот на топло време.

мислам дека бевме поитивно изненадени, болидот работи одлично на високи температури, немаме проблеми со ладењето и сопирачките, така што оваа патека повеќе ни одговара. возиме без проблеми и поголеми оптимисти сме одошто пред една недела.

Сепак, тој очекува поредокот да се менува во текот на сезоната како што одминуваат трките.

мислам дека ќе биде игра на долг рок, сигурен сум во тоа. развојот ќе биде огромен, имаме многу трки и се сеќавам дека лани на почетокот во бахреин бевме 12ти и 13ти со естебан и не дојдовме до поени. следуваше победа во унгарија и сезоната стана одлична потоа, така што и годинава очекувам возбуда и одлична година.

Запрашан дали тимот цели погоре од средината на поредокот, тој одговори:

интересно прашање, но немам одговор. мислам дека ќе мораме да почекаме за да разбереме како ќе се одвиваат првите трки, а потоа ќе реагираме соодветно на нашиот пакет.

јас сум оптимист затоа што тимот многу силно се посвети на оваа програма и имаме огромна поддршка од претседателот, односно од сите во рено и алпин, сите се дел од формула 1 тимот. не знам кога ќе можеме најсилно да нападнеме, но секако дека работиме на тоа.

имаме шанса за титула. со новите правила кои почнуваат од оваа сезона и програма за развој на кус и среден рок, алпин треба да биде способен да се бори за титула. поради тоа сме тука и работиме многу напорно. имаме ограничено трошење и други работи кои се променија во спортот. постои можност сите да предизвикаат за највисок пласман.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ