Алонсо задоволен со брзината на Алпин

Фернандо Алонсо изјави дека тој и неговиот тим имале многу прашања за формата во Баку, но дека тоа е дел од напредокот на тимот оваа сезона.

Двократниот шампион заврши на шеста позиција во Баку, што е негов најдобар резултат по враќањето во Формула 1, но призна дека не е сигурен колку напредувал тимот.

Ние се прашувавме што се случува во Монако и Баку. Сеуште ги немаме сите одговори, но се чини дека ова е нормално и нашата конкурентност се подобрува – смета шпанецот.

Алонсо беше на половина секунда од Макс Верстапен на вториот третинг во Франција и беше побрз од двата Мекларен и Ферари. Иако најде брзина, Нандо не избрзува со заклучоци.

Ние бевме доста брзи и болидот беше добар. Експериментиравме со конфигурацијата на Т1 и Т2. Немаме јасен одговор, но бевме добри.

Се надевам дека ќе имаме брзина и утре и ќе го искористиме добриот момент. Неколку десетинки може да направат многу голема промена во средниот ред. Сакаме да имаме добра сабота и недела и да освоиме поени.

Неговиот колега, Естебан Окон, беше во топ 10 на тренингот и претходно потпиша нов тригодишен договор со тимот.

Тоа е тоа што го очекував. Во моментов изгледа добро. Брзината на болидот е одлична и се надевам ќе бидеме брзи и во сабота и недела. Двата болида беа во топ 10 и изгледаме доста брзо. Ќе видиме како ќе биде утре.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ