Алонсо за Мерцедес: Плачат како да се последни

Фернандо Алонсо не смета дека Мерцедес направиле некаков пресврт, посочувајќи дека секогаш имале потенцијал да ги победат Астон Мартин.

Џорџ Расел и Луис Хамилтон ќе тргнат од 2ро и 3то место на гридот утре, двајцата пред Алонсо кој се сметаше за најблизок конкурент на Макс Верстапен за титула. Запрашан дали е изненаден што двата болиди на Мерцедес завршиле пред него, Алонсо одговори:

не сум изненаден затоа што и на џеда беа брзи, во петок на втората сесија беа брзи, секогаш се брзи. ако ги читате нивните изјави, се жалат како да имаат болид кој не може да искочи од првиот квалификациски сегмент, а не се воопшто лоши и бавни – посочи алонсо.

Во врска со утрешната трка, возачот на Астон Мартин верува дека и покрај тоа што ритамот е непознаница за сите, Верстапен веројатно ќе има здодевна трка и ќе се одлепи по стартот.

мислам дека има многу непознаници во пресрет на трката откако сите пропуштивме најголем дел од вториот тренинг во петок, а секако дека и температурата ќе има влијание. ќе биде различно во недела, барем треба да биде сончево.

во однос на стратегијата и подготовката за трка, мислам дека никој не е целосно подготвен и ќе биде трка каде сите ќе откријат кој од кого е побрз и подобро менаџира со гумите. ќе видиме дали мерцедес ќе тргнат силно и ќе може на некој начин да му посметаат на верстапен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ