Алонсо за Хамилтон: Има многу среќа, но мислам дека е еден од најдобрите

Ривалството на Фернандо Алонсо и Луис Хамилтон потекнува од 2007 година кога двајцата возеа за Мекларен и тоа беше деби сезона за Хамилтон, додека Алонсо требаше да ја брани титулата. 

Но, тимот западна во проблеми поради аферата Спајгејт и двајцата се разделија, Хамилтон продолжи со Мерцедес и освои шест возачки титули и осум конструкторски. 

Имам многу почит за него. Мислам дека на крајот на денот имавме блиски средби во неколку ситуации. Оваа година сме близу бидејќи имаме слични болиди и се боревме – посочи шпанецот.

Алонсо во текот на неговата кариера промени доста тимови, но не постигна шапионски успех. Тој тврди дека Хамилтон имал среќа со промената на тимот и тоа му донело успех. 

Мислам дека е еден од најдобрите возачи во спортот, но исто време, имаше среќа со доминантниот болид во текот на годините. Михаел во таква ситуација освои седум титули, Хамилтон освои седум и сега Макс ќе освои три.

Со најдобриот болид секогаш се освојува титулата. Доколку имаше проблем во Мерцедес, Ботас ќе беше петкратен шампион. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ