Алонсо задоволен од најдобрите квалификации сезонава

Фернандо Алонсо смета дека имал најдобри квалификации оваа година и покрај тоа што не е во топ 3 за прв пат оваа година и ќе стартува зад Верстапен и двата Мерцедеса, односно од 4та позиција.

Откако Перез отпадна во К1 и ќе стартува од последната позиција, Алонсо беше фаворит за предниот ред во Мелбурн, но изненадувачки, Расел и Хамилтон извозеа одлични квалификации и ќе стартуваат од 2ро и 3то место. Алонсо сепак смета дека биле доста брзи и разликата со Верстапен е најмала до сега.

Ова беа најдобрите квалификации за сите нас во предниот ред. Ова е најмала разлика до сега за пол позиција, бев доста брз и уживав – задоволен е шпанецот.

Во Бахреин, Алонсо беше 5ти со заостануваше од шест десетинки зад Верстапен додека во Саудиска Арабија заостануваше 5 десетинки, а сега разликата е 4 десетинки. Сепак, Алонсо смета дека ги чека тешка работа против Расел и Хамилтон на стартот, но цели на втора позиција.

Ќе видиме што ќе биде утре бидејќи Мерцедес беа брзи во К3 и завршија одлична работа. Беа слично брзи како на Џеда споредено со мене, но ќе биде тешко да ги престасам.

Мислам дека ќе се тркам против Ред Бул и можеби Мерцедес и Ферари доколку се подобри на поладни услови, но секако дека ќе биде интересна трка.  

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ