Алонсо импресиониран од посветениот Окон

Двократниот светски шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо, се врати на трките минатиот месец по двегодишно отсуство, за трет пат со тимот од Енстоун.

Алонсо ја стекна репутацијата дека е особено доминантен против тимските колеги во текот на неговата Формула 1 кариера, забележливо во 2018 година кога го победи Стофел Вандорн со 21-0 во квалификациите во текот на годината.

Но, Окон беше во можност да заврши пред Алонсо и во квалификациите и во трката во Имола на нивната втора трка заедно во Алпин. Тоа беше прв пат Алонсо да биде поразен во квалификациите во Формула 1 од Големата награда на Малезија во 2017 година.

Запрашан од Motorsport.com како се снаоѓа во работата со Окон, Алонсо беше полн со пофалби за неговиот млад тимски колега.

Дефинитивно сум импресиониран и среќен сум што го имам Естебан покрај мене.

Тој е многу професионален, работи многу напорно, не само тука на патеката, туку и во симулаторот. Ние споделивме многу работи. Додека секој од нас е во симулаторот, ние се обидуваме да бидеме поврзани и да работиме кон подобар болид.

Знам дека тој дава многу посветеност на тимот. Добро е за двајцата возачи кога имате тимски колега кој работи многу напорно.

Во исто време, сакате да бидете брзи како тимскиот колега или малку побрзи секој пат. Овој пат во квалификациите за Имола не функционираше на тој начин, но ќе го пробам следниот.

Само тројца возачи, Џенсон Батон во 2015 година, Луис Хамилтон во 2007 година и Тарсо Маркес во 2001 година, завршија пред Алонсо во шампионатот на возачи кога се натпреваруваа за ист тим во текот на една сезона. Окон рече дека ја ужива можноста да се трка со Алонсо и да учи од шпанецот, за кого досега беше лесен за работа.

Голема е шансата да работам со светски шампион покрај мене, тој е еден од најдобрите возачи.

Многу луѓе ми кажаа работи за него и она што го гледам одвнатре, навистина уживам во досегашната соработка. Фернандо има многу искреност, па кога ќе каже нешто, тоа го мисли.

Имаме многу слични коментари за болидот и тој работи навистина добро. Тој беше многу добар со мене досега и беше еден од момците кои кои исто така гледав кога бев помлад.

За мене е многу посебно да имам соработка со Фернандо и мислам дека ќе биде близу цела година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ