Алонсо искрен: Треба да се подобрам повеќе од тимот

Фернандо Алонсо е искрен и свесен дека самиот тој треба да се подобри повеќе одошто тимот на Алпин.

Двократниот шампион се враќа на гридот годинава по две сезони надвор од тркачката серија, во Бахреин имаше добри квалификации и се тркаше во поени пред да се откаже поради проблеми со сопирачките. Но, свесен е дека за врвни резултати треба да се подобри повеќе одошто тимот.

задоволен сум од тимот и новините кои ги донесоа овдека кои додадоа перформанси на болидот. ќе провериме каде можеме подобро на оваа патека, а во исто време јас треба да се подобрам повеќе одошто тимот во моментов.

во бахреин почувствував дека треба да ги забрзам работите и процедурите во формацискиот круг, за време на промената на гуми и слични работи кои не ги правам толку долго затоа што три години сум надвор од спортот.

Ми олесна по првата трка, стресот од враќањето е зад мене и сега можам да се фокусирам на перформанси и на резултати – најави фернандо.

Од тимот од Енстоун признаа дека имаа одредени слабости со новиот болид, но Нандо смета дека сеуште не знаат до каде се во однос на конкуренцијата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ