Алонсо најавува хаос ако дождот продолжи

Фернандо Алонсо се надева на дождливо Гранд При на Имола за да има повеќе шанси за него и неговиот Алпин, велејќи дека на мокра трка, хаосот е гарантиран.

Нандо се квалификуваше на 6то место во Петок по влажна патека, но се мачеше со деградација на спринтот што го симна во поредокот на 9то место по предвидените 21 кругови. Така, главната трка ќе ја почне од 5от ред, а по спринтот во Сабота изјави:

има прогнози дека ќе врне за главната трка и ако тоа се случи, хаосот е гарантиран, и секој може да добие или изгуби во завосност од среќата. со оглед на нашата стартна позиција, можеме да бидеме големи добитници – најави фернандо.

Неговата хидраулика откажа во Австралија по што претрпе судар на квалифиациите, а сметаше дека може да нападне за првите два ред на таа сесија. Досега има освоено само 2 поени по трите трки сезонава, додека неговиот колега окон има 10 пати пвоее.

Двократниот првак е свесен дека деградациајта на гумите му оневозможила некој поен повеќе во Сабота, но дека научил многу од кусата трка.

немавме добар ритам. чеко и карлос беа многу брзи и заглавија зад нас, а бевме реални дека откако почнавме од 5то место, можеме до 7мо, но пропуштивме пар поени. главнта трка е во недела и се надеваме на добри поени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ