Алонсо: На Алпин им е потребен исчекор пред Мекларен

Двократниор првак, Фернандо Алонсо, верува дека со новиот под во Сингапур, Алпин ќе го направат потребниот исчекор во борбата против Мекларен за 4то место кај конструкторите. 

Алпин се на четврта позиција со 125 поени и 18 поени пред Мекларен, но тимот од Вокинг не се откажува од надградбите и развојот на нивниот болид и сега носат новости на болидот на Норис. Алонсо сеуште не го пробал новиот под на Алпин. 

Не го тестирав во симулаторот, но знам дека е нов. Ќе го тестираме на тренингот за да потврдиме дека е добар, а секако и ќе се тркам со него.

Можеби е тешко во Сингапур да се направи проценка, но секако тука е и Сузука. Мислам дека е чекор напред и дека Ќе се бориме со Мекларен до Абу Даби.

Има викенди каде се побрзи и некои каде ние сме побрзи. Тоа ми е приоритет. Одиме трка по трка и сакам да ги завршам сите трки и можеби на некој подиум – посочи нандо.

Окон верува во новите делови на Алпин. 

Тимот направи одлична работа од почетокот на годината со развојот. Ова се големи чекори напред. Новата надградба е важна за нас и се надевам дека ќе ни помогне. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ