Алонсо: Нема многу слобода со новите болиди

Фернандо Алонсо смета дека со покажаниот модел на болидот за наредната година нема да видиме ништо поразлично од повеќето тимови. 

По многу протечени слики, Формула 1 конечно го покажа болидот за наредната година. Тој е базиран на земјен аеродинамичен ефект и футуристичко предно крило кое е дизајнирано да се подобри тркањето. 

Алонсо смета дека нема ништо поразлични болиди да видиме догодина од прикажаното. 

Мислам дека нема да видиме големи разлики. Правилата се многу строги и нема место за многу слобода. Очигледно ќе има различни филозофии од повеќе тимови, Но мислам дека сите ќе бидат слични и нема да може нормален човек да ги примети разликите. 

Алонсо вчера наполни 40 години и не беше изненаден од болидот. 

Мислам дека за тимовите и за нас, малку знаеме за болидот и правилата и не беше некое големо изненадување. Новите правила треба да донесат подобра иднина за спортот. 

Но, Рос Браун смета дека дадено е повеќе можности за дизајн на болидите за наредната година. 

Тимовите ни дадоа првчини предлози каде нема шанси за добивка на перформанси. Затоа отворивме некои области. Доколку нешто не е како што треба и не води кон целта ќе го промениме. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ