Алонсо нема ништо против повторно да работи со Хонда

Фернандо Алонсо нема никаков проблем повторно да работи со Хонда, откако јапонците потврдија дека од 2026 година ќе доставуваат свои мотори, согласно нови правила, во неговиот Астон Мартин.

Шпанецот нема добро минато со Хонда откако возеше нивни мотор од 2015 до 2017 година како член на Мекларен, но моторот кој беше очајно лош и недоверлив беше главна причина за неговото повлекување од Формула 1. Но, пораделбата со Мекларен Хонда се вдоми во АлфАтаури како проба пред да носи мотори и во Ред Бул и да доминира со нив веќе две години.

На почетокто на таа 2026 година, Алонсо ќе има 44 години, така што тешко кој може да каже дали тој со сигурност ќе биде на гридот.

навистина не знам што ќе правам во 2026 година, ќе лажам ако кажам дека знам. секако дека ако се чувствувам свежо, мотивирано и сум брз, ќе останам да возам. но, знам дека еден ден ќе дојде време кога ќе се разбудам и формула 1 повеќе нема да ми дава мотив и да ме прави среќен и задоволен, нема да сакам патување и се што носи спортот – свесен е алонсо.

Но, доколку биде во екипата од Силверстон, посочи дека нема д има проблем да соработува со Хонда.

за мене нема да биде никаков проблем повторно да се тркам со мотор за хонда иако знам дека последен пат кога работевме заедно не ни успеа соработката. за мојот колега стофел, кој тогаш беше дебитант, беше уште полошо затоа што дојде во ло проект за тоа време.

сепак, сметам дека годините во мекларен го поплочи патот за силниот пакет кој хонда го има сега. освоија возачка титула во 2021 година, лани имаа двоен наслов, а годинава се на одличен пат да го пвоторат ланскиот успех.

но, со новите правила за моторите мислам дека ќе биде многу возбудливо за сите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ